Комплетирана програмата за музичкиот дел на Каменичко Културно Лето 2019

На 27-ми и 28-ми август ќе се одржи единаесетото издание на најголемата културна манифестација во Македонска Каменица – Каменичко Културно Лето. Веќе традиционално, манифестацијата се одржува на Градскиот плоштад, на крајот на летото, од причина што на 28-ми август се прославува и Денот на општина Македонска Каменица и Ден на рударите.

Десетина дена пред манифестацијата познати се сите изведувачи кои ќе настапат на ККЛ2019, и покрај македонските Анета и група Молика, 2 БОНА и локалниот бенд Риплеј, потврдени се и настапите на српските музички ѕвезди Наташа Беквалац, група Галија и Тропико бенд.

За време на Каменичко Културно Лето се очекува дека повеќе од 20 000 посетители ќе дојдат во Македонска Каменица и ќе имаат можност да уживаат во бесплатните концерти на популарните изведувачи.

Манифестацијата е финансирана од Општина Македонска Каменица и Рудник Саса.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *