Комињето од ракијата ја затна канализацијата во Делчево

Комињето од ракијата ја затна канализацијата во Делчево. Во екот на варењето на ракија, несовесни и неодговорни, отпадот од овошјето, одлучиле да го истурат во канализационите шахти, констатирале инспекторите:

„Знаеме дека Пијанец е регион во кој во овој период изразена е појавата на варење ракија. Во тој процес веќе почнува да се чувствуваат несаканите нус појави, па така сведоци сме на исфрлање на сливовиот отпад во блиската канализациска мрежа која се полни и со тоа се нарушува нејзината основна функција. Како надлежни за оваа состојба апелираме до граѓаните кои во овој период варат ракија, дека не смеат да го фрлаат отпадот во канализацијата, бидејќи постои опасност од нејзино затнување“, изјави Љупчо Симоновски, инспектор за животна средина во о. Делчево.

Делчевци, во последно време се погласно реагираат на непријатниот мирис кои се шири од канализационата мрежа, а јавното претпријатие има вонредни ангажмани за нејзино одзатнување.

За сево ова да се спречи, инспекторите на терен започнаа со контроли, но и со најави за ригорозни казни:

„Вршиме засилени контроли, а казнените мерки за сите кои ќе бидат фатени како фрлаат комиње во канализацијата се движат до 300 евра“, кажа .

Имајќи предвид дека комињето е органски и лесно разградлив материјал, од инспекторатот советувата истото да се одложи на земја, да се разреди и благо да се затрупа. За кратко време, под дејство на влагата и почвата комињето ќе се рагзради, а граѓаните ќе избегнат казни и проблеми.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *