Комисијата за заразни болести предложи принуден училишен распуст од 14 дена

Децата принудно на распуст 14 дена, а повозрасните лица да избегнуваат јавен превоз предлага Комисијата за заразни болести

Учениците, студентите и децата од градинките ќе бидат 14 дена на принуден распуст, дознава „Република“ од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство. Комисијата заклучила дека треба да се зајакнат мерките на превенција и упатува сите основни, средни и воскообразовни институции, како и детски градинки да запрат со одвивање на наставно воспитниот процес во следните 14 дена.

Се забрануваат сите масовни собири на отворено и затворено, сите културни настани на ниво на Македонија, а спортските настани да се одвиваат без публика.

Се воведува задолжителна самоизолација на сите лица кои доаѓаат од високо и средно ризични држави во период од 14 дена.

Се забранува извоз на медцинска опрема и медицински средства и материјали од страна на економските оператори и производители, освен со посебна дозвола која ја издава Минситерството за здравство. Им се препорачува на возрасните и повисоко ризичните граѓани со хронични болести да го намалат своето движење и да избегнуваат јавен превоз.

Вработените во јавните здравствени установи кои се ангажирани во изборниот процес да бидат изземени од понатамошно учество и да бидат заменети со други лица.

Тие што нема да ги почитуваат и практикуваат препораките ќе бидат казнети согалсно член 205 и 206 од Кривизниот закон, во кој се вели за загрозување на здравјето на луѓето и пренесување заразна болест и не постапување според прописи за време на епидемија следат парични казни или со затвор до една година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *