Колкава моќ има „големата четворка“ – Amazon, Apple, Google и Facebook?

Првите луѓе на најголемите технолошки компании Facebook, Apple, Аmazon и Google вчера беа на сослушување пред американските конгресмени, кои ќе се обидат да ја утврдат нивната пазарна моќ.

Четворицата водечки менаџери на овие гиганти одговараа на прашањата на конгресмените преку видеоврска за нивниот бизнис, монопол и нелојална конкуренција.

Така, основачот на Facebook, Марк Закерберг, се очекуваше да даде одговор за тоа дека со преземањето на Instagram и WhatsApp, неговиот Facebook стана предоминантен во областа на социјалните мрежи.

Шефот на Apple, Тим Кук, ќе мора да разјасни зошто Apple мора да добива од 15 до 30 отсто од секоја продажба на нови апликации за мобилните телефони iPhone, главниот оперативен директор на Google, Сундар Пичаи, да го објасни монополот на неговата компанија во областа на интернет-пребарувањата, а сопственикот на Аmazon, Џеф Безос ќе говори за подрачјето на интернет продажбата.

Американските технолошки компании Amazon, Apple, Google и Facebook се нарекуваат и „големата четворка“ – заедно вредат 4 илјади милијарди долари.

Секоја од овие компании држи огромен процент од пазарот, секоја во своето поле, но политичарите се прашуваат дали е тоа премногу, или поточно – колкава е нивната моќ?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *