КОИ СЕ 10 НАЈПЛАТЕНИ ПРОФЕСИИ ВО МАКЕДОНИЈА?

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по  вработен, во август 2018 година, во однос на август 2017 година, изнесува 105.6.

Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Информации и комуникации (14.7 отсто), Преработувачка индустрија (11.4 отсто) и Земјоделство, шумарство и рибарство (10.9 отсто).

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (2.7 отсто), Рударство и вадење на камен (2.1 отсто) и Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (2.0 отсто).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во август 2018 изнесува 35.573 денари, а овие професии имале највисока плата во август 2018 година.

1. Воздухопловен транспорт – 90.299 денари
2. Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности – 86.412 денари
3. Производство на основни фармацевтски производи и  фармацевтски препарати – 63.707 денари
4. Финансиско-услужни дејности, освен осигурување и пензиски фондови – 63.347 денари
5. Телекомуникации – 61.626 денари
6. Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација – 57.157 денари
7. Дејности на организации врз база на зачленување – 55.262 денари
8. Осигурување, реосигурување и пензиски фондови, освен задолжително социјално осигурување – 54.891 денар
9. Складирање и помошни дејности во превозот – 54.689 денари

10. Правни и сметководствени дејности – 53.008 денари
Целосниот извештај можете да го прочитате ТУКА.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *