КОИ СЕ СИМПТОМИТЕ НА ОМИКРОН?

Експертите досега идентификувале осум симптоми на омикрон, и тоа: гребење во грлото, течење на носот, замор, кивање, болки во долниот дел на грбот, главоболка, ноќно потење и болки во мускулите.

Омикрон вртоглаво се шири во Европа и светот, а додека оваа нова варијанта на ковид сè уште е делумно непозната за научниците ширум светот, едно е сигурно – симптоми кои укажуваат дека можеби сте заразени со омикрон. Досега експертите идентификувале осум симптоми на омикрон, а тоа се: гребење во грлото, течење на носот, замор, кивање, болки во долниот дел на грбот, главоболка, ноќно потење и болки во мускулите.

„Се надеваме дека луѓето веќе научиле да ги препознаваат овие симптоми слични на настинка, кои се чини дека се доминантна карактеристика на омикрон“, рече професорот Тим ​​Спектор, кој е еден од креаторите на апликацијата која ги следи симптомите на ковид 19.

Студијата спроведена од Спектор и неговиот тим покажа дека само половина од луѓето кои моментално страдаат од коронавирус пријавуваат некои од трите стандардни симптоми идентификувани од Британската национална служба: треска, кашлица или губење на мирис и вкус.

Унбен Пили, еден од јужноафриканските лекари, каде првично беше проширена варијантата омикрон, истакна дека најчесто прима пациенти кои се жалат на „сува кашлица, треска, ноќно потење и силни болки во телото“.

Д-р Амир Кан од Велика Британија, исто така, го издвои ноќното потење како еден од најчестите симптоми во моментов, онаа „каде што можеби сакате да станете и да се пресоблечете“.

Засега се претпоставува дека станува збор за поблага варијанта во споредба со до неодамна доминантниот вид делта, но тоа сè уште не може со сигурност да се каже. Експертите советуваат да се земе трета, засилена доза која го зголемува нивото на заштита од омикрон.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *