Кои се придобивките на младите од Македонска Каменица со проектот „МЛАДИНСКА КАРТИЧКА“?

Проектот „Младинска картичка“ е дел од програмата на Владата и дел од годишната програма на Агенција за млади и спорт за 2019 година.

Реализацијата на проектот „Младинска картичка“, ќе овозможи разни поволности за младите на возраст од 15 до 29 години, во однос на користење на производи, услуги и сервиси кои им се потребни. Воспоставувањето на оваа Младинска картичка би претставувало одговор на барањата на младите за финансико олеснување на нивниот секојдневен живот, како и за добивање релевантни информации за актуелните младински прашања. Преку мрежа на услуги, попусти и други придобивки, Младинската картичка ќе им овозможи на младите да бидат информирани за средината во која живеат и за случувањата во нивното окружување, со цел активно да учествуваат во истите. Преку оваа платформа ќе се реализираат дел од веќе утврдените цели на Владата на Република Северна Македонија.

Во првата фаза од проектот, Агенција за млади и спорт објави Јавен повик, на кој можат да се пријават сите заинтересирани правни лица и субјекти кои сакаат да се вклучат во реализација на проектот со сопствена понуда на попусти за младите. Проектот има за цел да го олесни и подобри секојдневието на младиот човек, а поволностите кои ќе се нудат опфаќаат повеќе категории и тоа: угостителски објекти, продавници и супермаркети, книжари, издавачки центри, едукативни настани, курсеви и обуки, културни и спортски настани и активности, меѓуградски и меѓународен транспорт, патувања во земјата и странство, интернет и мобилна телефонија и слично. Истовремено, Агенција за млади и спорт спроведе анкета помеѓу младите, со цел да се идентификуваат потребите на младите и нивните очекувања во однос на младинската картичка.

Во втората фаза од проектот, Агенција за млади и спорт ќе објави повик за младите да се пријавуваат за да бидат корисници на картичката. Аплицирањето од страна на младите ќе се одвива по електронски пат на веб страната на Агенцијата за млади и спорт. За навремено информирање на младите за сите настани и нови поволности кои ќе ги нуди Младинската картичка, Агенцијата за млади и спорт ќе изработи кон изработка на веб страна и мобилна апликација.

По воспоставување на Младинската картичка ќе се покрене иницијатива за приклучување кон „Европска младинска картичка“, со цел младите од Република Северна Македонија да ги уживаат истите бенефиции заедно со над 7 милиони корисници ширум Европа. Европската младинска картичка е воспоставена од страна на Младинската Асоцијација за Младинската Картичка (European Youth Card Association), а поттикната е од страна на Советот на Европа. Со нејзиното воспоставување се промовира единствена алатка за информирање, комуникација, мобилност и сервиси за младите во Европа, а со приклучување кон истата стануваме дел од големото Европско семејство.

Правните лица кои се заинтересирани да се вклучат во проектот и да добијат повеќе информации за можноста за воспоставување на партнерски однос со Агенцијата за млади и спорт во врска со овој проект, можат да се обратат во Општината во Одделението за  локален економски развој, на е-пошта: opstina@makedonskakamenica.gov.mk или на телефон: 033 432 741

Ги охрабруваме правните субјекти да се приклучат во проектот и да дадат свој придонес во креирањето на алатка од која најголем бенефит ќе имаат младите луѓе, најдоцна до 10.05.2019 година.

Концептот на општествена одговорност треба да биде применет во работата на секоја компанија и секогаш да работиме во насока на подобрување на квалитетот на живот во општество за сите.

Формулар од Меморандум за соработка за правни субјекти

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *