Кога е Бал нека е Маскенбал: КАМЕНИЦА САСА ЌЕ ИГРА СО ЈУВЕНТУС ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ

Па има ли појако од ова. Македонскиот шампион во женска фудбалска конкуренција, тимот на Каменица Саса денеска ги дозна своите противници од квалификацискиот турнир од годинешната Лига на Шампиони. А еден од нив е ни помалку ни повеќе екипата на Јувентус. Еден од гигантите во светски фудбалски рамки и во женска не само во машка конкуренција.

Покрај големиот Јувентус во групата се уште и Сент Полтен од Австрија, како и Турски Бешикташ.

Се игра во група во која најпрво се игра полуфинале, па потоа финале односно меч за трето место. Домаќинот на турнирот ќе се знае до вечер, а најголеми шанси за организација има токму тимот на Јувентус.

„Кад је бал нек је маскенбал“… вели Зоран Златковски тренерот на Каменица Саса. веќе три дена говорам дека сакам да ни се падне токму Јувентус во група, и тоа и се случи. Фантастично. Ќе ги одмериме силите со еден голем Јувентус. Ма не се плашиме од никого одиме да се надигруваме, да уживаме во она што ни претстои“ – вели Златковски за Спортмедиа

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *