Кметовска и Поп Димитровска од Баскет Кам во репрезентацијата на Македонија за ЕвроБаскет 2021

На последниот, трет евроквалификациски циклус кој ќе се одигра во Рига, репрезентацијата на Македонија во својот состав ќе има две претставнички од Баскет Кам – Македонска Каменица. Станува збор за Ивана Кметовска и Катерина Поп Димитровска. Кошаркарки кои сезонава значително го подобрија тимот од Македонска Каменица, еден од фаворитите за учество во разигрувањето за едно од првите три места од Првата кошаркарска лига на Македонија.

Се надеваме дека селекторот на Македонија, Владимир Ѓоровиќ ќе ја препознае одличната игра на првотимките од Баскет Кам и истите од поширокиот список ќе бидат дел и од репрезентацијата на Македонија на ЕвроБаскет 2021.

Список на кошаркарки за февруарскиот циклус на квалификации за Евробаскет 2021

Селекторот на нашиот женски национален сениорски тим, Владимир Ѓоровиќ, излезе со поширокиот список на кошаркарки на чии услуги ќе смета во претстојниот, а воедно и последен, евроквалификациски циклус.

Во рамки на третиот ФИБА „прозорец“, нашите девојки ќе излезат на теренот против Летонија и против Хрватска, на 4. односно на 6. февруари.
Девојките ќе ја темпираат формата во Охрид, каде ќе одрботат седумдневни подготовки, а потоа ќе заминат за Летонија.

СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРКИ

1.Митрашиновиќ Анџелика (Будуќност-Црна Гора)
2.Стојановска Александра
3.Трајчевска Нена
4.Кметовска Ивана (Баскет КАМ)
5.Јоловиќ Драгана (Бадел 1862)
6.Лазареска Софија (Милано БС-Италија)
7.Пејковска Ивона (Вардар)
8.Адамовска Сања (Бадел 1862)
9.Антиќ Јелена
10.Димова Цветанка (Бадел 1862)
11.Стојановска Тања (Струга 2009)
12.Петрушевска Јована (Вардар)
13.Серафимоска Снежана (Дукуесне-НЦАА-САД)
14.Поп Димитровска Катерина (Баскет КАМ)
15.Бонер Девана (Конектикат-САД)
16.Кожобашиовска Ивона (Алгеро МБ-Италија)
17.Николиќ Матеа
18.Лазареска Сандра (Бадел 1862)
19.Секуловска Наталија (Ј.Аддисон-Канада)
20.Костова Стефани (Кампус Промете-Шпанија)
21.Атанасовска Матеа (Палаванестро В-Италија)
22.Димитријевиќ Марија (Бадел 1862)
23.Тасевска Елена (Палаванестро В-Италија)
24.Модева Габриела (Струга2009)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *