Клиф оф Мохер е шампион во баскет, а Романса победи во ракомет

На Меморијалниот турнир „Миле Јаневски Џингар 2017“ се добиени уште две шампионски екипи. Екипата на Клиф оф Мохер го освои турнирот во баскет (машка конкуренција), а Романса победи во женското ракометно финале. Клиф оф Мохер во полуфиналето ја победи екипата на Рима консалтинг, а во финалето ја совлада екипата на Коце комерц со конечни 22:20. Романса, пак, го победи Такси Уно со 19:15. Во моментов се игра финалето во мал фудбал, по што ќе бидат доделени медалите, пехарите и наградите од страна на градоначалникот на општина Македонска Каменица д-р Дарко Митевски.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *