КК Баскет Кам славеше со 72:31 над Водњански Лисици за пласман на Ф4 турнирот (М-12)

Баскет Кам е полуфиналист во М-12 категорија. Утре пртив Водно од Скопје ќе се бори за финале во најсилната детска кошаркарска лига на Македонија. Денес во Скопје, во четвртфиналниот натпревар против Водњански лисици, каменичани славеа со високи 72:31

Во текот на целиот натпревар Баскет Кам беше доминантен на теренот, со контрола на играта и резултатот. Со развојот на играта на теренот, растеше и резултатската разлика. На полувреме беше 31:12, а третата четвртина заврши со веќе недостижни 63:21. Сите поединци на теренот го дадоа својот максимум во текот на целиот натпревар, без разлика на отворениот резултат и падот на нивото од играта кај противникот.

Веќе утре, започнува завршниот Ф4 турнир во М-12 категорија. Натпреварите се играат на Кале во Скопје. Позанати се и полуфиналните двојки. Баскет Кам се среќава со КК Водно, а другата полуфинална двојка е КК Вардар и КК Куманово.

Ова е најголем успех на Баскет Кам во М-12 категорија. Минатата година стигнаа до четфртфиналните разигрувања. Им посакуваме успех на утрешните натпревари, со желба и надеж за уште еден пехар во нивните витрини.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *