КК Баскет Кам се врати со бронзен медал од турнирот во Ботевград, Бугарија

Ботевград, 18.11.2018 година – КК Баскет Кам учествуваше на меѓународниот турнир за младинска кошарка во Ботевград, Бугарија. Во конкуренција на најсилните младински школи на Балканот нашите кошаркари успеаа да се вратат дома со бронзен медал за освоено трето место во конкуренција до 12 години.

Баскет Кам и ФМП Скопје како мешана екипа од двата тима, натпреварувањето го започна во група со Левски од Софија и Вардар од Скопје. Со победата против КК Левски – Софија екипата составена од играчи до 12 години на КК Баскет Кам – Македонска Каменица и КК ФМП Скопје со 63:59 се пласираше во полуфиналето на овој силен меѓународниот кошаркарски турнир. Во претходниот натпревар од спомнатата Б група против КК Вардар од Скопје, екипата на Баскет Кам и ФМП загуби со минимални 46:44.

Во полуфиналето екипата на Баскет Кам и ФМП го загуби натпреварот од Црвена Звезда – Белград (61:39) и младинците до 12 години на Баскет Кам и ФМП во борбата за третото место се сретнаа со Вардар -Скопје. На овој натпревар, комплетно друга слика на теренот. Ако во првиот натпревар против скопски Вардар нашите млади кошаркари се бореа со тремата  и неуиграноста поради малиот број на заеднички одиграни натпревари како тим, во вториот натпревар за трето место одиграа доминантно на секоја позиција и ситуација на теренот. Во текот на второто полувреме при резултат од 20 разлика за Баскет Кам – ФМП шанса добија и најмладите членови не екипата. Надмоќта на Баскет Кам ФМП заврши со 60:46, сосема доволна за радост на нашите кошаркарски великани.


Третото освоено место и воопшто учеството на вака силен интернационален турнир на екипата на Баскет Кам покрај екипи од Бугарија, Србија и Македонија е огромен успех и показател дека кошарката како спорт во Македонска Каменица е во постојан развој.
Целиот турнир, мораме да напоменеме дека беше одигран по Пам-пасарела системот како и тоа дека радува фактот што екипата на Баскет Кам беше достоинствен противник и на пресилниот противник Црвена Звезда од Белград кој успеа и да го освои турнирот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *