КК „Баскет Кам“ додели новогодишни пакетчиња и спортски реквизити за лицата со посебни потреби

Кошаркарскиот клуб „Баскет Кам“, од сопствени средства, обезбеди новогодишни пакетчиња и спортски реквизити за лицата со посебни потреби кои го посетуваат Дневниот центар во Македонска Каменица. Денешната активност е на иницијатива на неколку членови од КК „Баскет Кам“ и е со цел комплетна интеграција на лицата со посебни потреби во општественото живеење, а вакви и слични акции најавија и во наредниот период. На денешната активност присуствуваа и Соња Стаменкова – градоначалник на општина Македонска Каменица и Олег Телној – генерален директор на Рудник „Саса“, кои се и главни спонзори на кошаркарскиот клуб.

КК „Баскет Кам“ на сите граѓани им ги честита Новогодишните и Божиќните празници и им посакаува многу радост, благосостојба и среќа.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *