КИЦ “Романса” распиша ликовен и литературен конкурс во чест на херојот Миле Јаневски Џингар

 

Културно-информативниот центар”Романса ”Македонска Каменица распишува ликовен и литературен конкурс на тема ”Чекориме по патеката на мирот”. Конкурсите се распишуваат во рамки на одбележувањето на патрониот празник на Средното општинско училиште во Македонска Каменица кое го носи името на херојот од нашиот град, Миле Јаневски Џингар.

Право на учество на ликовниот и литературниот конкурс имаат учениците од прва до четврта година при СОУ ”Миле Јаневски-Џингар”од Македонска Каменица.

Учениците може да учествуваат со изработка: цртежи, слики, скулптури и литературни дела. Бројот на ликовни и литературни дела за учество не е ограничен.

Најдобрите дела ке бидат наградени со вредносни ваучери:
• Прва награда……..3000 денари
• Втора награда…….2000 денари и
• Трета награда……..1000 денари

Ликовните и литературните творби во шифрирана форма треба да се достават до просториите на Домот на култура во Македонска Каменица, секој работен ден од 09:00 до 15.00 часот.

Ликовниот и литературниот конкурс ке траат од 29. Март 2023 година до 21. Април 2023 година. Ликовните и литераурните творби и дела доставени по истекот на рокот наведен во конкурсот нема да се разгледуваат.

Прогласување на најдобрите ликовни и литературни дела ќе биде на 28. Април 2023 година, во рамки на одбележувањето на патрониот празник на СОУ ”Миле-Јаневски Џингар”.

Ликовните и литературните дела ке останат во просториите на КИЦ”Романса”, каде истите ке бидат искористени за изложби и литературни читања во Домот на Културата во Македонска Каменица .

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *