КИЦ РОМАНСА ГО ПРИКАЖУВА “ВСЕЛЕНСКОТО МОМЧЕ” ВО ДОМОТ НА КУЛТУРА ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

ВСЕЛЕНСКОТО МОМЧЕ ВО ДОМОТ НА КУЛТУРА ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

Еден од најгледаните и најбараните детско-тинејџерски филмови, на 22. Септември 2022 година, со почеток од 19:00 часот, ќе се прикажува во Домот на Културата во Македонска Каменица. Влезниците веќе се пуштени во продажба. Можат да се набават по цена од 70 денари во просториите на Домот на култура во Македонска Каменица.

Филмот е добитник на низа награди на фестивали за филмови за млади меѓу кои и Европската награда за филм за деца и награда од детското жири на Интернационалниот филмски фестивал во Рига. Филмот ја освои и главната награда на Интернационалниот детски и младински фестивал во Бусан.

Младиот протагонист во „Вселенско момче“ е 11-годишниот Џим кој е вљубеник во вселената и науката. Доселувајќи се во нов град со татко му, Џим треба да учествува на натпревар за млади научници со неговата нова соученичка Ема, чувствително и срамежливо девојче. И покрај нејзината неподготвеност, Џим ја убедува да го имитира проектот „Екселсиор“ на Китингер (првиот човек кој стигна до границата на вселената во 1960 година) и тајно да направи вистински воздушен балон. Овој талент го наследува од неговиот татко, Греам, астрофизичар кој треба да оди на вселенска мисија. Бидејќи мајката на Џим е почината, овој проект му е многу важен. Но, кога открива дека Греам се откажал без да му каже, неговиот свет се распаѓа. Натпреварот се претвора во опсесија и Џим сака да докаже дека нема да се откаже како неговиот татко. Џим ја турка Ема до нејзините граници и ја вовлекува во авантура која ќе ги зближи.
Режија:Оливие Перу
Дистрибутер на филмот е Катавеј, а дистрибуцијата на филмот е овозможена од потпрограмата МЕДИА Креативна Европа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *