Кинески државјанин се обидел да прошверцува делови за возови преку скопскиот аеродром „Александар Велики“.
Царинската управа соопшти дека неделава се запленети 43 делови за возови (покажувачи и регулатори на притисок, камери, рамо, држачи за лагер, тастери, склопки и друго), откриени на скопскиот аеродром „Александар Велики“, при контрола на куферот на кинески државјанин, кој допатувал со лет од Истанбул.
Непријавените производи се привремено задржани, а против патникот е поведена прекршочна постапка.