Кили се врати дома

Познатиот македонски актер Кирил Поп Христов, или едноставно Кили, се врати во Македонија. Режисерот Срѓан Јанакиевиќ објави нивна заедничка фотографија, па тоа беше доволна причина на социјалните мрежи да тргне муабетот дека Кили од Евкадор си дошол во Македонија.

Кирил Поп Христов пред извесно време замина да живее на Еквадор заедно со својата сопруга Гордана Деан и нивната помала ќерка Јоана. Од таму споделуваше фотографии дека „Животот е убав и пеперутката има крилја“. Исто така потсетуваше дека на Еквадор може да се лекува со  алтернативна медицина и да се бори со ракот на коските.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *