Каталонија со референдум ќе се разделува од Шпанија

Регионалната влада на Каталонија повика денес на референдум за разделување од Шпанија. Одлуката е во спротивност со ставот на официјален Мадриф, кој и понатаму ваквата одлука ја нарекува нелегална и противуставна, а референдумот за независност на Каталонија е закажан за први октомври, јавува Франс прес.

Каталонскиот министер за надворешни работи Раул Ромева изјави дека Каталониај подготвува логистика за одржување референдум за независност од Шпанија.

Ова не е првпат каталонските сецесионисти да закажуваат референдум за независност. Поддржувачите на оваа идеја веќе еднаш организираа симболично изјаснување за разидување со Шпанија во 2014 година, неколку месеци откако Шкотска одржа референдум за отцепување од Обединетото Кралство.

Тогаш речиси два милиони луѓе гласаа за независност, но таквиот референдум немаше правна моќ. Претходните обиди за одвојување беа блокирани од шпанската конзервативна влада која вложи и жалба до уставниот суд.

Сепак, поддршката на независноста во меѓувреме опадна, особено откако Шпанија почна економски да заздравува. Последните истражувања покажуваат дека 44,3 отсто од Каталонците поддржуваат одвојување од Шпанија, додека 48,5 сакаат да продолжи статус квото.

Сепак, анкетите покажуваат дека повеќето Каталонци сакаат да се одржи референдум со прашање за независноста.Многу е сигурно дека одлуката ќе наиде на бројни правни предизвици. Ушатени извори наведуваат дека најверојатно ќе има регионални избори во Каталонија доколку изјаснувањето биде поништено.

Според Членот 155 на шпанскиот устав, Мадрид има ингеренции директно да интервенира во водењето на регионалната влада на Каталонија. Исто така имаат и моќ да ги натераат да се откажат од референдумот и да го почитуваат законот.

Тоа, пак, би можело да кулминира со испраќање полиција или суспензија на регионалната влада. Сепак, таквото сценарио се смета за последна опција.

Густо населениот богат регуион сочинува петтина од економското производство на Шпанија. Има свој јазик и престолнина, Барселона. Како и другите 16 автономни региони на Шпанија, Каталонците имаат сѐ поголема контрола над здравствениот и образовниот систем. Регионалната влада тврди дека централната влада зема многу повеќе отколку што дава поради комплицираните системи на буџетски трансфери.

Таквото чувство придонесе на бранот незадоволство и желбата за отцепување за време на најлошите години на рецесија на почетокот на оваа деценија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *