Канцерогените азбестни водоводни цевки во Македонска Каменица се минато

Македонска Каменица 05.10.2018 година – Со смената на последните 110 метри од азбестна водоводна мрежа, општина Македонска Каменица го заврши процесот на отстранување на канцерогените цевки на целата територија од градот. Со ова општина Македонска Каменица ја остварува својата заложба како локална самоуправа да им обезбеди чиста вода за пиење на сите граѓани.

Системски продолжува обновувањето на примарната и секундарна водоводната мрежа на целата територија од Општината. Следен чекор е поставувањето на хлоринатори на водоводните мрежи од селските средини и изработка на проект за замена на мрежата кај дел од домаќинствата во маало Павлиш Дол, кои извесен период ја користат старата градска водоводна мрежа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *