Канализациона мрежа на Индустирската зона во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 25.12.2020 година – Општина Македонска Каменица од Владата на РСМ доби 5.355.000,00 денари за Изградба на канализациона мрежа на Индустриската зона во Македонска Каменица.

Согласно Одлуката објавена во Службен весник, Општината добива средства за реализација на еден навистина значаен проект, бидејќи изградбата на инфраструктура во Индустриската зона, претставува основен услов за забрзан економскиот развој на Макеоднска Каменица.

При најавата на проектот, градоначалничката Стаменкова кажа дека, „Ова е навистина значаен проект за развојот на општина Македонска Каменица. Веќе инсталиравме нова пумпна станица за непречено снабдување со вода, а со изградбата на канлизациона мрежа во 2021 година, создаваме услови за изградба на нови погони и производствени капацитети во Индустриската зона во Македонска Каменица“.

„Продолжуваме посветено да работиме во насока на подобрување на можностите за забрзан економски развој на Македонска Каменица. Сакам да изразам благодарност до Владата за поддршката со која ни овозможија реализација на овој навистина значаен проект за нашата Општина. Динамиката на реализација на средствата на проектот ќе биде уредена со договор, а градежните работи ќе се реализираат во текот на 2021 година“, – дополни во изјавата Соња Стаменкова градоначалничка на општина Македонска Каменица

Средствата за изградба на канализациона мрежа на Индустриската зона во Македонска Каменица се обезбедени од пренамена на средства за изградба на карго- аеродромот во Штип, а врз основа на анализа за проценка на економска оправданост. Станува збор за вкупно средства во висина од 49.743.119.00 евра распределени за реализација на 97 проекти на ниво на држава. Динамиката на реализација на средствата  на овие проекти ќе биде уредена со поединечни договори помеѓу концендентот Влада на Република Северна Македонија во својство на инвеститор и концесионерот ТАВ Македонија и општините, каде ќе се реализираат проектите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *