„Каменичко културно лето 2018“ – најголем културен настан во регионот (Видео)

Македонска Каменица е целосно подготвена да го најави најголемиот културен настан во регионот „Каменичко културно лето 2018“ на коj учество ќе земат бројни македонски и балкански музички sвезди.

На сцената од „Каменичкото културно лето 2018“ како најзначајна етаблирана културна манифестација во Македонска Каменица, покрај звучните балкански естрадни имиња: Ален Исламовиќ, музичката група С.А.Р.С. и Јелена Розга како најголема ѕвезда од главната вечер на манифестацијата, свое учество ќе земат и домашните изведувачи Тамара Тодевска, Слаткар, Елена Велевска и неколку фолколорни ансамбли.

 

„Притоа, сакам да нагласам дека како Општина, во соработка со Културно Информативниот Центар „Романса“, на годинешново „Каменичко културно лето 2018“ овозможивме учество и на повеќе локални музички групи и Ди-Џеи. Културната манифестација Каменичко културно лето, традиционално секоја година се оддржува во периодот од 26-ти до 28-ми Август и во себе ги сплотува трите значајни празници на нашиот град: 28-ми Август – Ден на општина Македонска Каменица, воедно и Ден на рударите и големиот христијански празник и заштитник на рударите „Успение на Пресвета Богородица“ – изјави Соња Стаменкова градоначалничка на Македонска Каменица.

На своите фанови во Македонија преку кратка видео објава им се обрати и најголемата најавена музичка ѕвезда од главната вечер на „Каменичкото културно лето 2018“, Јелена Розга

Ги поканувам сите љубители на добрата забава и целата македонска јавност да бидат гости на манифестацијата „Каменичкото културно лето 2018“ и заедно да ја проследиме богатата културно-уметничка програма со што ќе допринесеме за промоција на Македонска Каменица како добар домаќин и центар на културните збиднувања во регионот и пошироко – истакна во поканата до сите жители до регионот и пошироко градоначалничката Стаменкова.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *