“Каменички сатирикон” за љубителите на хуморот и сатирата во Македонска Каменица. Почеток од 18 часот во Дом на култура

 

15.02.2018 kamenica.mk

За сите љубители на хуморот и сатирата во Македонска Каменица, вечерва со почеток од 18:00 часот ќе се одржи првиот „Каменички сатирикон“. Настанот ќе се одржи во малата сала од Домот на култура, а истиот е во организација на градската библиотека „Крсте Петков Мисирков„ од Македонска Каменица, клон на ЈБ „“ – Делчево.

Покрај творештвото на Ленче Стоименова, Јанче Атанасов и Миле Ѓорѓијоски, ќе бидат изложени и дела од еминентни бугарски карикатуристи. Исто така посебен акцент ќе биде ставен и на творештвото од најголемиот македонски сатиричар, сега покоен, Иван Карадак.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *