Каменичките фирми покажуваат огромна општествена одговорност

Во време кога целиот свет е соочен со опасна пандемија, а сите мисли и напори се насочени кон зачувување на здравјето на луѓето, од огромно значење е и обезбедување на конкретна поддршка за најранливите категории на граѓани. Каменичките компании, како и во минатото, така и сега покажауваат огромна општествена одговорност. Иако многу од нив се соочени со сериозни економски загуби, тие не забораваат дека на дел од локалната заедница му е потребна помош.

Први кои реагираа и се придружија на помошта која ја обезбедува локалната самоуправа се Ресторан „Шизик“, „Величковски Комерц“ и „ВинПро“. Овие фирми обезбедија основни прехрамбени продукти кои ќе бидат поделени на социјално-загрозените категории на граѓани од подрачјето на општина Македонска Каменица.

Имајќи во предвид дека сеуште не се наѕира крајот на решавањето на проблемот со коронавирусот, многу наши сограѓани ќе имаат потреба од помош. Сите заинтересирани физички и правни лица кои можат да си дозволат да донираат и да ја помогнат локалната заедници, а со цел правилна и безбедна достава на донираните артикли, треба да се јават на следниве телефонски броеви:

033432741 – општина Македонска Каменица

070786000 – Горан

071377841 – Зоран

Тимот на интернет порталот www.kamenica.mk, покрај сопствена донација одлучи да не наплаќа маркетинг услуги за сите локални компании кои ќе ја покажат својата хуманост во наредниот период.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *