КАМЕНИЧКА РЕКА НА ПОВЕЌЕ МЕСТА СЕ ИЗЛЕА ОД РЕЧНОТО КОРИТО. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА РЕДУЦИРАНО ДВИЖЕЊЕ ОКОЛУ РЕКИТЕ И ПОТОЦИТЕ

Македонска Каменица, 11.01.2021 година – Поради обилните врнежи во текот на денешниот и изминатите денови Каменичка Река од речното корито е излеана на повеќе места.

Екипите на ЈП Камена Река со вклучена крупна механизација се постојано на терен и работат на отстранување на атмосферските водени наноси и материјал.

“Вклучени сме со сите човечки ресурси и механизација со која располагаме. Дежурните тимови остануваат на терен и во текот на ноќта, бидејќи прогнозите укажуваат на врнежи од дожд, а во наредните денови и паѓање на снег”, – изјавуваат од ЈП Камена Река

Прочитај повеќе: Во Македонска Каменица се продава куќа на улица Македонска бр. 14

Од Општина Македонска Каменица упатуваат апел до граѓаните за редуцирано и претпазливо движење покрај речните корита. Постои можност од излевање на реките и потоците на повеќе места на територијата на општина Македонска Каменица. Од тие причини веќе се објавени и дежурни телефонски броеви за интервенција при проблеми на граѓаните настанати од врнежите: 078 304 838; 071 377 841; 070786000.

Во моментов сите локални патишта се проодни, но поради појавата на чести камени одрони на коловозите останува во важност упатеното предупредување и апелот до граѓаните за редуцирано движење.

Состојбата е слична и на регионалниот пат кон Рудник Саса, Делчево и Кочани, каде екипите на Македонија Пат и Камена Река со потешкотии се справуваат со појавата на камени одрони и надојдени атмосферски наноси и материјал.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *