Каменичани сами ќе одлучуваат како ќе се трошат општинските пари

Заради реализација на проектот „Граѓаните одлучуваат – креираме граѓански буџет“, градоначалникот Соња Стаменкова оствари средба со претседателите на месните заедници во Македонска Каменица. На средбата е договорено да се организираат состаноци на кои ќе присуствуваат претставници од општинската администрација и претставници на месните заедници, на кои ќе бидат утврдени приоритетните проекти за секоја Месна заедница одделно и за чија реализација ќе бидат предвидени финансиски средства во општинскиот буџет за 2018 година.

На овој начин ќе се зголеми активното учество на граѓаните во процесите на донесување одлуки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *