Каменичани победија на регионалните натпревари во Детски семафор и СТКМ

Денес, во организација на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата – Македонска Каменица (ОСБСП), во Основното Училиште „Св. Кирил и Методиј“ се оддржaа регионалните натпревари „Детски семафор” за учениците од основните училишта, и „Сообраќајно техничка култура на младите” за учениците од средните училишта. На натпреварот „Детски семафор“ учествуваа шест екипи, додека на „Сообраќајно техничка култура на младите” учество зедоа четири екипи.

Натпреварите се состојат од теоретски дел, познавање на правилата и прописите во сообраќајот и практичен дел, вешто возење на велосипед за основците, односно мопед за учениците од средните училишта.

Според покажаните резултати во теоретскиот и практичниот дел победнички екипи во „Детски семафор” се: прво место – екипата од Македонска Каменица, а второ екипата од Виница

 

На натпреварот „Сообраќајно техничка култура на младите” победнички екипи се: прво место – екипата од Македонска Каменица, а втори беа учесниците од Пробиштип.

Овие регионални натпревари се поддржани од општина Македонска Каменица, а обраќање имаше и градоначалникот на општина Македонска Каменица г-ѓа Соња Стаменкова

Целта на натпреварите „Детски семафор” и „Сообраќајно техничка култура на младите” е подобрување на сообраќајната едукација и образование кај младите, унапредување на сообраќајната култура и подигнување на етиката во сообраќајот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *