Каменичанецот посилен од повредата: Морам на операција, но првин да го урнеме шампионот!

 

„Во прв момент ми се чинеше дека врз мене паднаа илјада килограми. Ова е мојата прва повреда во кариерата, и за жал, тешка”, рече Мицевски.

Една година подоцна Мицевски играч, но сеуште не е 100% подготвен. Пред почетокот на сезоната тој ја нагласи потребата за операција, но изненади кога се појави во дресот во првиот натпревар од оваа сезона против Вргорац, и интересно, и не само што беше во тимот, туку и постигна гол за водство 1:0.

И понатаму настапуваше на наредните дуели, а во последниот против Брод 035 имаше одлично прво полувреме, еднаш асистираше и двапати се запиша во листата на стрелците.

На табелата после пет кола Сквер е на делба на првото место со Ново Вријеме со кој игра денеска на гостински терен во дербито на колото во хрватскиот футсал шампионат.

„Морам да одам на операција. Вежбав изминатиот период да го зајакнам зглобот со цел да бидам од што поголема помош за мојот клуб до операцијата. Болките се навистина силни, но желбата и љубовта спрема клубот е посилна. Кога излегувам на теренот заборавам дека сум повреден”, додаде Мицевски.

Сквер не знае за пораз, четири победи и едно реми, а сега му следува првиот голем испит, гостувањето кај шампионот Ново Вријеме.

„Ново Вријеме е добра екипа. Добро знаеме со каков квалитет и играчки кадар располага. Неколку години се заедно. Напредокот се гледа, а доволно е да се каже дека оваа сезона се најдоа меѓу најдобрите 16 во Европа. Што се однесува до нас, задоволен сум. Не треба премногу да жалиме за загубените два бода во Крапина, ни се врати во Солин”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *