Каменичанецот Дејан Гошевски најпрецизен пеналџија во ракометната Супер лига

Организаторот на играта во редовите на Пролет, Ласко Андоновски го има епитетот најдобар пеналџија после регуларниот дел од сезоната во Супер машката лига. Тој успеа да постигна 39 гола од 45 удари, а има и одличен процент на реализација од 86,6 со што исто така е меѓу најдобрите во лигата.

Од она што може да се забележи на Топ 10 листата неколку екипи имаат и по двајца играчи кои одлично изведувале удари од седум метри така што успеале да се најдат во врвот на изведувачите на ударите и со тоа помогнале на нивниот тим да дојде до одличен резултат.

Списокот на изведувачи на пенали е долг и на него се вкупно 80 играчи од деветте екипи кои што играа. Од нив дури 15 биеја со 100 посто реализација, но 11 шутнаа само по еден удар, двајца по два пенали, а еден изведе три.

Единствениот кој имаше двоцифрен број на удари, а ги погоди сите беше Дејан Гошевски од Металург 2. Тој имаше 10 од 10.

ПЕНАЛЏИИ СО НАЈМНОГУ ГОЛОВИ

ТОП 10

39/45 – Ласко Андоновски (Пролет)

35/41 – Стефан Трпчевски (Вардар јуниор)

27/38 – Бобан Блажески (Охрид)

24/34 – Гоце Ојлески (Е. Работник)

23/34 – Мирко Мајиќ (Радовиш)

21/24 – Славиша Димитријески (Охрид)

21/31 – Ивица Илиев (Борец/Радовиш)

14/17 – Мартин Серафимов (Металург 2)

14/20 – Мице Шилегов (Металург 2)

14/22 – Златко Везенковски (Пелистер)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *