Каменичанецот Андреј Ѓорѓиевски дел од продукцискиот тим на филмот “Мишко” кој доби Награда од публиката во Виена

Краткометражниот игран филм ,,Мишко” зеде нова награда, овој пат во Австрија на 20-тиот филмски фестивал JУКИ во градот Велс. Македонскиот филм ја освои наградата на публиката, која се доделува на филм со најмногу гласови од публиката. Наградата ја подигна режисерот Ханис Багашов.

Покрај наградата, на фестивалот се оддржа целодневна работилница посветена на ,,Мишко”, за aвстриските студенти, под менторство на филмската критичарка Gudrun Joeller, која го опиша како исклучително содржаен, зрело направен и тажен филм – пример за студентите на најзините работилниците во Австрија.

,,Мишко” беше единствениот македонски филм на престижниот Сараевски филмски фестивал годинава, помеѓу 266 филма од 56 земји, а учествуваше и на повеќе од 25 други меѓународни фестивали – во Италија, Словенија, Австрија, Малта, Турција, Иран, Романија, Хрватска, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово. Премиерата ја имаше на овогодинешниот Скопски филмски фестивал.

,,Мишко” е приказна која го следи Ангел, тивко и повлечено момче, кој оди со својот другар Мишко да бере јаболка за продажба. Но, како што минува денот, Ангел сѐ повеќе се соочува со суровоста на Мишко и своите родители. Режисер е 19 годишниот Ханис Багашов, продуцент и кинематографер е Самир Љума, монтажата е на Радован Петровиќ, музиката на Златко Ориѓански, колорот на Андреј Ѓорѓиевски, дизајн на звукот на Зоран Проданов. Улогите ги толкуваат натуршниците Марко Ристоски, Тарик Рамадани, Веда Спасовиќ, како и актерите Верица Недеска и Игор Ангелов.

Филмот е во независна продукција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *