КАЛЕНДАР НА МПЦ: Денеска е Св. пророк Еремија

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 1 мај.

Денеска е Св. пророк Еремија.

Овој голем пророк се роди 600 години пред Христос, за кого пророкуваше (поточно, пророкуваше за падот на египетските идоли и за доаѓањето на Дева Марија со Синот Исус Христос, во Египет). Почнал да пророкува во својата 15-та година.

Во текот на неговиот живот се изменувале неколку јудејски цареви, кои Еремија преку своите пророштва се трудел да ги насочува кон праведно и правилно управување. Истите пораки им ги упатува и на своите сонародници, кои во тоа време биле длабоко западнати во идолопоклонство. Во врска со тоа го прорекува и првото опустошување на Ерусалим.

Набрзо потоа Ерусалим бил освоен и разурнат од Вавилонците. По падот на Ерусалим пророкот насила го одвеле, заедно со многуброен народ, во Египет. Таму Еремиј на дотогашните маки ја додава и маченичката смрт. Убиен е со камења од своите сонародници.

Целиот текст на овој линк: https://denesen.mk/kalendar-na-mpc-deneska-e-sv-prorok-eremija/

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *