Како да имате стегнат задник без да вежбате?

Ако Ве мрзи да правите вежби за да имате стегнат задник, пробајте да ги почитувате следниве совети:

1 . Не пијте алкохол и не јадете слатко

Може да ги консумирате од време на време, но многу умерено и во мали количини. Запомнете дека содржат празни калории кои не ви даваат никакви корисни материи. Само се акумулираат во форма на масти на телото.

2. Не претерувајте со изложувањето на сонце

Прекумерно сончање ја опушта кожата. Затоа секогаш користете ја најдобрата заштита. Но, не претерувајте со сончањето.

3. Не пропуштајте оброци

Така нема да ги заштедите калориите или да изгубите од тежината. Кога телото ќе почувствува дека добива помалку храна, почнува да трупа масти или да црпи енергија од мускулите. Тоа е најлошо за задникот.

4. Станувајте од столот повремено

Долгите часови седење пред компјутер се многу лоши за задникот. Таквиот начин на живот доведува до губење на мускули, опуштање на кожата, ја влошува циркулацијата. Предизвикува и целулит.

5. Држете се исправени

Правилната положба е многу важна за Вашето здравје. А и за начинот на кој Ви изгледа фигурата.

6. Не туширајте се со топла вода

Ако водата е повеќе од 37 степени, тоа и штети на кожата. Станува сува и се опушта. Најдобро би било да се туширате со млака вода, а на крај да завршите со ладна. На овој начин ќе ја стимулирате циркулацијата и кожата ќе биде поцврста.

7. Користете ги скалите

Скалите се многу корисни вежби за телото, особено за нозете и задникот. Значи, секогаш користете ги нив, иако има лифт.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *