Каков парадокс! ЕВН ќе ја тужи ТВ Стар за објавени прилози

ЕВН, преку својот портпарол Атанас Ковачевски се заканила дека ќе ја тужи Телевизија Стар и дека ќе ја прекине соработката со штипската телевизија заради објавени прилози. Во првиот прилог, ТВ Стар објави дека семејство од Штип го добило спорот против ЕВН и за истиот имаше огромен интерес во јавноста.

Во вѕориот, револтиран и оштетен корисник на услугите на ЕВН, сам отишол во редакцијата на телевизијата, каде презентирал документи за спор со австриската фирма, а тврдел дека целото семејство му е во депресија и со нарушено здравје поради неколкукратна наплата на еден ист долг.

И покрај тоа што ТВ Стар објавила деманти доставени од ЕВН, австријците потврдиле дека ќе ја прекинат соработката, а во наредниот период ќе одлучат дали ќе поднесуваат и тужба за нарушен углед.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *