И ДЕЦА МЕЃУ 22-ТЕ ЖРТВИ ВО МАНЧЕСТЕР, БОМБАШОТ ЗАГИНАЛ ВО НАПАДОТ

И ДЕЦА МЕЃУ 22-ТЕ ЖРТВИ ВО МАНЧЕСТЕР, БОМБАШОТ ЗАГИНАЛ ВО НАПАДОТ

Засега е потврдено дека загинаа 22 луѓе, меѓу кои и деца, а 59 се повредени во експлозија веднаш по концертот на американската пејачка Аријана Гранде во Манчестер, потврди британската полиција која ова го смета за терористички напад.

Нападот се случил околу 22:35 часот по локално време, на крајот на концертот кога Гранде заминала од сцената. Полицијата смета дека напаѓачот бил маж кој загинал во нападот, а носел импровизирана експлозивна направа што ја детонирал.

Министерката за внатрешни работи Амбер Рад рече дека ова „варварски чин, чија намерна цел се најранливите“. Премерката Тереза Меј утрово ќе има итна средба со специјалните сили.

Поради нападот, политичките партии ги прекинаа кампањите за престојните парламентарни избори.

„Манчестер арена“, кадешто се одржуваше концертот, е најголемата затворена сала во Европа со капацитет од 21.000 места. Портпаролот на дискографската куќа на Аријана Гранде кажа дека пејачката е добро. Првичните информации се дека многумина настрадале во стампедото што следувало во паниката по експлозијата. Најголемиот дел од нејзините фанови се тинејџерки и деца. Гранде твитна дека е скршена, дека и е жал од дното на срцето и нема зборови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *