И денес гореше депонијата во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 26.04.2019 година – И денес, во вечерните часови гореше депонијата во Македонска Каменица. Брзата интервенција на ТППЕ и овој пат спречи ширење на огнот. Според одговорните лица во противпожарната единица и ЈП Камена Река, која и денес со крупна механизација учествуваше во гасењето на пожарот, е намерно предизвикан.

Пожарот е локализиран, екипите на ТППЕ и ЈП Камена Река остануваат на терен се до целосно гасење на пожарот.

Индикативно е што ова е четврти пожар за неполн месец на депонијата во Македонска Каменица, што не било случај до сега. Очигледно, јавно упатените повици од наша страна како медиум и од страна на ТППЕ и ЈП Камена Река, за жал не допираат до несовесните граѓани и истите продолжуваат со недозволени дејства. Останува да се надеваме дека сторителите конечно ќе бидат санкционирани.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *