И во Делчево конечно се асфалтираше улица

Конечно, најфреквентната улица во Делчево  „Светозар Марковиќ“ доби асфалт.  Улицата која е во должина од 540 метри беше долгогодишна главоболка и на пешаците и на возачите.

  • Асфалтирањето е од огромно значење бидејќи се наѓаат повеќе институции , градинка, училиште,автобуска станица, додека во ДУП има и др. деловни објекти, катни гаражи, изјави Горан Трајковски, градоначалник на Делчево.

Изградбата на улицата е во рамките на проектот „Општински и рурални инвестиции“, во кој се опфатени и улиците Питу Гули,и Маршал Тито, а вкупната вредност на проектот изнесува 260 илјади евра грант од ЕУ преку ИПА претпристапните фондови, а администрирани според правилата на Светска банка преку Министерството за финансии.

  • Овде е планирано поставување на тротоар, атмсферска канализација е изведена, а изведна е и на улиц Пити Гули, а ќе се изведе и на улицата Маршал Тито, појасни Трајковски.

За делчевци , патната инфраструктурата е приоритетен проблем за решавање

  • Порано улицата беше лоша, кал, песок, дупки, сега е добро, само треба да ја чуваме, велат жители на Делчево.

Улицата „Питу Гули“ во Милково Брдо е завршена, а реконструкцијата на улицата „Маршал Тито“ доколку дозволат временските услови, ќе се започне наскоро.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *