Исчезната Македонка од Италија пронајдена мртва

Македонката Светлана Михајлова (51), која исчезнала на 30 март годинава во Пјаченца, била пронајдена мртва во водите на Јадранското море, информираше италијанската полиција.

Како што пишувавме, потрагата по Михајлова се одвиваше со голем интензитет, а полицијата и медиумите постојано објавуваа нејзини фотографии и контакт телефони на кои граѓаните можеа да дадат било какви информации за исчезнатата.

Според семејството на Михајлова, таа на 30 март излегла во продавница да купи основни работи неопходни за домот, но со себе носела малку пари и мобилниот телефон. Таа не ги зела личните документи со себе. Откако поминало подолго време од вообичаеното за враќање, сопругот и синот неколку пати и се јавиле на мобилниот бидејќи таа поминувала низ тежок период. Светлана им рекла дека нема намера да се враќа, па ти безуспешно се обидувале да ја предомислат. Последен пат се слушнале во 14.30 часот по што го телефонот бил исклучен.

Сопругот веднаш ја алармирал полицијата, која го активирала протоколот за вакви ситуации и веднап реагирале бидејќи Македонката била под терапија со лекови и веќе почнала да покажува знаци на нервоза.

Полицијата успеала да и влезе во трага на подземната железничка станица каде била снимена на безбеносните камери. Според надлежните од железницата, жената најверојатно отпатувала кон градовите на брегот на Јадранското Море.

Нејзиното тело било пронајдено на 22 април во морето кај Петакијато, во регионот Кампобасо. За да се открие идентитетот на починатата неопходна била ДНК анализа, па биле земени примероци од семејството. Според форензичарите, телото на Михајлова било во вода најмалку 15 дена. Останува апсолутно нејасно како настрадала Македонката поради поодминатата фаза на распаѓање на телото, па и причината за смртта ќе биде тешко да се одреди.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *