Источно дерби во Пехчево помеѓу Кит-Го и САСА

Денес се игра вонредно коло од Втората македонска фудбалска лига Исток, поради одложувањето на претпоследното коло поради меѓународните натпревари од Лигата на Нациите.

Во Пехчево се игра источното дерби меѓу Кит-Го и Саса, кое според позициите на табелата е далеку од драматично. Кит-Го излегува на теренот од втората позиција со 10 освоени бодови, а каменичани се далеку на дното, на осмата позиција, со само 4 одвоени бодови. Ова значи дека картите му се наклонети на домаќинот Кит-Го, кој во последните 7 натпревари од Купот и првенството бележи само еден пораз од Шкендија и убедливи 6 победи. Сепак каменичани патуваат на овој натпревар со надеж дека со победа на денешниот натпревар ќе фатат приклучок кон средината од табелата на Втората македонска фудбалска лига.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *