ИСТОРИЈА: ЦИВИЛИЗАЦИИ ОД АНТИКАТА БЕЗ ВЛАДЕАЧКА ЕЛИТА, ДАНОЦИ И ВОЈНИ

Даноците и војните не постоеле отсекогаш, имало и период кога луѓето живееле нормален и мирен живот. Некои научници сметаат дека во почетоците на Месопотамија постоел мирен живот без наметнување на владејачка елита. Ова се неколку моменти од историјата на кои научниците не им обрнуваат доволно внимание.

Антички цивилизации напредувале без владејачка елита?

Околу 2700 п.н.е. првиот меѓуградски државен спор се претворил во она што може да се нарече војна. Малку е познато, освен тоа дека Сумерите ги победиле Еламитите и тогаш работите тргнале по удолница. Саргон од Акад го убил постоечкиот крал, ја освоил власта и освоил повеќе од 20 успешни и просперитетни градови во Месопотамија, градови кои функционирале без целосна, врвна контрола од страна на владејачката елита. Тој го избришал градот Казала кога се спротивставил, поттикнувајќи целосна согласност од останатите и го нарекол процесот „обединување“, нарекувајќи се себеси Саргон Велики. Оттогаш започнал и ужасниот тренд.

Војната и писменоста

Некои претпоставуваат дека луѓето се колеле меѓусебно од почетокот на времето, наместо да соработуваат едни со други и дека првата војна во 2700 г.п.н.е. била едноставно првата забележана, бидејќи писменоста се појавила од „неодамна“. Но доказите откриени до денес не ја поддржуваат претпоставката и се верува дека пишувањето дошло со оданочувањето. Но првите натписи не биле за војни и владетели, туку за потребите на земјоделците.

Палати и споменици изградени со крвта на робовите

Откако луѓето почнале да пишуваат, речиси целата регистрирана историја на светот ни кажува за контрола од врвот надолу од страна на владетелите кои бараат одреден дел од продуктивноста, со цел да го поддржат својот возвишен животен стил без работа. Се восхитуваме на големите палати и споменици кои го преживеале колапсот на империите и владетелите ширум светот, ретко истражувачите и научниците посочуваат колку милиони обични човечки животи, биле жртвувани за да ги создадат овие градби.

Моќта на селските комуни

Стотици средновековни градови успеале да ги истуркаат господарите, војводите или кралевите кои ги оданочувале, земајќи го управувањето во свои раце. Класичен пример за тоа е Фиренца во почетокот на 14 век, град од 90.000 жители водени на принцип од „надолу кон горе“ преку таканаречените „селски комуни“ во кои пекарите, архитектите, банкарите, лекарите и градителите немале титули како благородници. Тие сите припаѓале на „трговски еснафи“ и целта им била да обезбедат квалитет и безбедност за своите клиенти и добивале предлози од владетелите од врвот. Во 1340 имало осум илјади деца од двата пола во основните училишта и четири универзитети кои опслужувале шестстотини лица во високото образование. Исто така имало и 30 мали болници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *