Историско второ место за ЖКК „Баскет Кам“, ЖКК „Бадел 1862“ ја одбрани титулата

На кошаркарскиот Final Four турнир во женска конкуренција во генерација М-16 кој се оддржа во Македонска Каменица, на 02-ри и 03-ти јуни, екипата на ЖКК „Баскет Кам“ го постигна досега највисокиот пласман во клупското постоење со освојувањето на второто место.

„Баскет Кам“ беше поразен во големото финале од екипата на „Бадел“ со резултат 55:37, со што скопската екипа ја одбрани титулата од ланската сезона.

Третото место им припадна на кошаркарките на „Струга 2009“ кои ги совладаа кошаркарките на „Гостивар“.

Медалите и пехарите за најдобрите три екипи оваа сезона ги доделија македонската кошаркарска легенда Стојна Вангеловска, каменичката кошаркарска гордост Бојан Трајковски и градоначалникот на општина Македонска Каменица- Соња Стаменкова.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *