Интервју со Јовка Стоилова, автор на книгата „Миле Јаневски Џингар – по нашата смрт, тој ќе живее“

Македонска Каменица, 21.09.2022 година – Интервју со роднокрајниот писател Јовка Стоилова, автор на книгата “Миле Јаневски Џингар – по нашата смрт, тој ќе живее“. Јовка, скромно за себе ќе каже дека, со пишување се занимава неполни 4 години, период во кој неуморно твори проза и поезија. Има работено и  на повеќе проекти, каде учествува со свои творби. Ова е нејзино прво публикувано дело, кое во печат излезе преку соработка и поддршка од Културно информативниот центар “Романса“ од Македонска Каменица и Рудник Саса.

 

 

Каменица.Мк: Јовка, може ли на почетокот да ни раскажеш како кај тебе се појави љубовта кон пишаниот збор? Кога ги направивте првите книжевни чекори? Што е првото нешто што го напиша?

Јовка Стоилова: Љубовта кон пишаниот збор постоеше во мене уште како мала, бидеќи секое едно збиднување го опишував, а потоа го фрлав, мислев дека никогаш нема да можам да издадам книга. Но, со тек на време сфатив дека, ако имаш желба и потенцијал за нешто, не постои  невозможно.

Каменица.Мк: Твојот опус содржи и поезија и проза. Што е она што повеќе те предизвикува да се искажеш? Што е тоа што Ви вели што и кога да пишувате?
Јовка Стоилова: Не можам да издвојам. Едноставно има моменти кога некое дело си бара да биде издадено во проза ,а друго во поезија. Така да, и едно и друго, додека и драмите не се изоставен дел.
Постои некој внатрешен сигнал што не се опишува и објаснува. Немора да се случи нешто,некој настан или случка,за јас да можам да пишувам,тоа едноставно произлегува спонтано од самата себе.
Каменица.Мк: Може ли да ни откриеш…како еден писател ја добива инспирацијата и темата на која ќе пишува еден роман/расказ? Зошто “Миле Јаневски Џингар”?
Јовка Стоилова: Погледот е тој што дофаќа и ги пренесува иформаците до внатрешниот систем и умешно ги преработувам, и од овде почнувам креирање на дело.
Миле Јаневски -Џингар затоа што заслужува многу повеке од пишаното!
Овој човек ,и сите други загинати бранители, го платиа данокот на својата земја па затоа ке остане безвременски.
Каменица.Мк: Каква е поддршката од локалната самоуправа? Што е она што треба да ги поттикне младите и талентирани писатели од нашиот град, да пишуваат и да издаваат книги?
Јовка Стоилова: Ова прашање ке остане отворено. Можеби некогаш во иднина ќе дадам поконкретен одговор.
Кога би застанал некој позади нив целосно, од почеток до крај, тогаш мислам дека уметничките души би се издвоиле и би почнале со пишување. А верувам, ги има доволно. Уметноста не е дел од секого  и таа не се учи, тоа е дарба која со тек на време ја надоградуваш. Па затоа би посакала почесто да се потикнуваат младите, да се пронаоѓа талентот многу порано, да им се дава волја и надеж дека можат и ке успеат да создадат свое дело, а со тоа дело и ние остануваме вечни.
Каменица.Мк: Дали работиш на некое ново прозно дело или книга поезија во моментов? Што е она што можеме ново да очекуваме од Јовка Стоилова?
Јовка Стоилова: Истовремено пишувам стихозбирка и уште едно прозно дело, кое ке биде насловено како”Тугинец сум овде и дома “. Имам учествувано поодамна на литературен конкурс. Заземав дел и во книгата”1200 Молитви” посветена на Тоше Проевски, а која беше дел од хуманитарна акција на Марјана Митревска за возобновуванње на манастирот Св.Преображдение во Крушево.
Пишувам текстови(мелоди) наскоро и М.Каменица ќе добие и своја химна на градот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *