Интензивно се уредува речното корито на Каменичка Река

Македонска Каменица, 21. Мај 2019 година – Општина Македонска Каменица продолжува со чистење на речното корито на Каменичка Река. Од ЈП Камена Река како изведувач на започнатите активности поврзани со чистењето од насобран  обраснат талог долж течението на реката во градското подрачје изјавуваат дека, покрај предвидените активности за чистење на речното корито во градското подрачје, истите во наредниот перод ќе продолжат и на некои од критичните места од течението на Каменичка река каде постои можност од излевање истата од своето речно корито. Во изминатиот период како превенција од поплави и непогоди предизвикани од зголемени врнежи на поројни дождови, на територијата на општина Македонска Каменица беа исчистени најголем дел од одводните атмосферски канали, со што значително е подобрена состојбата кај отворените одводни канали и истите целосно се ставени во функција.


Со оваа редовна активност на Јавносто претпријатие „Камена Река“, се обезбедува полесен и нормален проток на водите од Каменичка Река, во овој период зголемен поради пролетното топење на снегот и зголемените количини на врнежи во овој период од годината.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *