Инстаграм го промовираше Reels, својот клон на ТикТок, еве како функционира (ВИДЕО)

Македонија не е меѓу 50-те земји во светот во кои е достапна апликацијата Reels, што ја промовираше Инстаграм како конкурент на апликацијата ТикТок.

Како и во случајот на ТикТок, апликацијата Instagram Reels овозможува објавување видеа со траење од 15 секунди, кои може да се направат со спојување на повеќе клипови, снимани во моментот или прикачени од телефонот. Исто така, корисникот може да ги искористи сите 15 секунди за да направи Reels видео.

При тоа, корисниците имаат можност за додавање аудио и повеќе други ефекти. За полесно снимање Reels им овозможува на корисниците и тајмер за ситуациите кога самите се снимаат, а исто така можно е и подредување на снимките, како и избор на брзината со која ќе бидат пуштени.

Од ова видео можете да научите како се користи новата апликација:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *