ИНИЦИЈАТИВНИОТ ОДБОР ЗАКАЖА ВОНРЕДНО ГЕНЕРАЛНО СОБРАНИЕ НА ОФС – КОЧАНИ

Иницијативниот Одбор, составен од делегати на Собранието на ОФС – Кочани, одржа седница на 23.09.2018 година, на која донесе Одлука согласно статутот на ОФС – Кочани и ФФМ за свикување, организирање и спроведување на Вонредно Генерално Собрание на ОФС Кочани на ден 21.10.2018 година (Недела) со почеток во 12:00 часот, во салата за состаноци на Советот на Општина Кочани.

Иницијативниот одбор формира и Работна група, која се обврзува да свика, организира и спроведе Вонредно Генерално Собрание согласно Статутот на ОФС – Кочани и ФФМ во предвидениот рок и да испрати покани, дневен ред и матрејали за Собранието до: Делегатите на Собранието на ОФС – Кочани,  Управниот одбор ма ФФМ, Генералниот Секретар на ФФМ и Комисијата за верификација и спроведување избори при ФФМ.

Од Иницијативниот Одбор, информираат дека до сега неколку пати согласно Статутот на ОФС – Кочани и ФФМ, барале од Управниот Оодбор на ОФС – Кочани да свикат Вонредно Генерално Собрание бидејќи за такво нешто се исполнети сите услови.

За да биде се во законските норми Известување е доставено и до ОФС – Кочани (Потврда: повратница од пошта дека е примено на ден 31.07.2018г од страна на секретарот Иванчо Захариев,) како и до ФФМ (примено со приемен штембил Бр. 0302-1720/1 од 23.07.2018 година).

Со испратеното Известување, Иницијативниот Одбор го известува Управниот Одбор на ОФС – Кочани дека имаат законска обврска, согласно Статутот на ОФС – Кочани и ФФМ, да свикаат Вонредно Генерално Собрание, зато што поминале 6 (шест) месеци од претходно одржаното Собрание на ОФС – Кочани, на кое не беше избран Претседател на ОФС – Кочани, а претходниот Претседател на ОФС – Кочани Љупчо Папазов си има поднесена неотповиклива оставка која му е прифатена на седницата на Управниот Одбор на ОФС – Кочани, одржана на ден 04.01.2018 год. Иако Иницијативниот одбор постапуваше законски и сите акти беа на нивна страна одредени членови на Управниот Одбор на ОФС – Кочани со своето игнорантско однесување не постапија согласно Статутот на ОФС – Кочани и ФФМ.

На 27.08.2018 год. беше доставено и писмено Барање од 1/3 од Членките на ОФС – Кочани со Потпис и Печат како и образложение до ОФС Кочани (примено со приемен штембил Бр. 0302-227 од 27.08.2018 год.), и до ФФМ (примено со приемен штембил Бр. 0302-1958/1 од 29.08.2018 год.), со што беше исполнет и последниот услов и критериум да, Управниот Одбор на ОФС – Кочани се задолжи да свика Вонредно Генерално Собрание, но тие пак не постапија согласно законот туку сето тоа беше повторно игнорирано.

Иако по ова наше последно барање тие имаа рок од 8 (осум) писмено да се произнесат, од нам непознати причини и тоа не беше направено, па согласно Статутот на ОФС – Кочани и ФФМ, членките на ОФС – Кочани подносителите на барањето, се стекнаа со законско право самостојно да свикаат, организираат и спроведат Вонредното Генерално Собрание.

За одржување на Вонредоното Генерално Собрание ќе ја известат и ФФМ од која ќе побараат да испрати свои претставници, со чие присуствуваат ќе се потврди регуларноста на Собранието како и на  донесените одлуки на истото. По завршувањето на Собранието претставниците на ФФМ имаат обврска во рок од 5 (пет) да достават потврда за регуларноста.

Работната група за свикување, организирање и спроведување на Вонредното Генерално Собрание има обврска и истата ќе ја спроведе.

Иницијативниот Одбор преку нивната Работна група се надева на успешна соработка со ФФМ, како за спроведувањето на ова Вонредно Генерално Собрани, така и за понатамошната успешна и партнерска соработка.

Иницијативен Одбор за Одржување на Вонредно Генерално Собрание на ОФС – Кочани

Izvor: www.komarec.com.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *