Изменет алгоритамот за тестирање за ковид-19, проширени се индикациите за тестирање со промена во делот за низок ризик

Лекарската комора на Македонија информира дека е изменет алгоритмот за тестирање за ковид-19, односно проширени се индикациите за тестирање со промена во делот за низок ризик.

Комисијата за заразни болести имајќи ја во предвид моменталната епидемиолошка состојба и фазата на епидемијата во која се наоѓаме, на состанокот одржан на ден 19.05.2020 година донела заклучок дека е потребно да се направи измена во Алгоритамот за тестирање, со проширување на индикациите за тестирање со промена во делот за низок ризик.

Имено, прашањето: Дали сте имале контакт со потврден случај на растојание поголемо од 2 метри или пократко од 15 минути? се заменува со: Немате информации или не сте сигурни, дека сте биле во контакт со потврден/сомнителен случај?

Со ова прашање се опфаќаат сите пациенти кои немаат информација дека биле во контакт со сомнителен или потврден случај, соопштија од Лекарската комора на Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *