Изложба на слики од меѓународната Лесновска ликовна колонија во Дом на култура

Македонска Каменица, 29.05.2019 година – Утре, 30. Мај во Изложбениот салон од Домот на култура во Македонска Каменица, со почеток од 12:30 часот ќе се одржи ликовна изложба на слики од Меѓународната Лесновска ликовна колонија 2018.

Уметниците Ѓоко Антониев, Христина Стојчевска, Тони Чатлески, Ангел Коруновски од Македонија, Олга Панкина, Светлана Владимирова Орлова и Светлана Еланцева од Русија, Немања Јовановиќ и Јелена Тамбуриќ од Србија и Маријана Везарова од Бугарија кои престојуваа во Лесново и твореа со инспирација од Лесновскиот манастир, пештерските цркви, пештерите од каде што се вадел прочуениот воденичарки камен, вулканскиот кратер и прекрасната природа што го опкружува амбиентот во ова поднебје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *