Македонска Каменица, 28.02.2019 година – На Каменарски рид, во атарот на село Моштица денес избувна пожар кој зафати 8 хектари тревна површина, папрат и мал дел букова шума.
Од ТППЕ Македонска Каменица изјавуваат дека интервенцијата од нивна страна започнала во 14:30 часот, се до 18:00 часот кога пожарот целосно е изгаснат. Во интервенцијата била ангажирана една противпожарна единица од Македонска Каменица.