Изгаснати пожарите кои утрово беа активни во Македонска Каменица

Во заедничка акција на тимовите од ТППЕ Македонска Каменица и ДПД “САСИ” денеска, беше интервенирано во гасењето два одделни пожари во Македонска Каменица. Едниот од пожарите беше во близина на хидроцентралата Калиманци, а вториот пожар беше во непосредна близина на градската депонија.

Пожарите се локализирани, а тимовите се сеуште на терен и работат на спречување на повторно активирање на истите” – велат од екипите кои учествуваа во гасењето на пожарите


Од општина Македонска Каменица, упатуваат апел до граѓаните за одговорно однесување и веднаш да го пријават секое несовесно однесување во природа.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid02wv7YC38dW8kwJ5Bk1C2JEaMwCG4NjYSoZX4uosPa9F4FYbUJNJzW9GSTyifeWZDl&id=1193312000714280&sfnsn=mo&extid=a&mibextid=7htlnv

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *