Известување до граѓаните за планирано прскање против комарци на подрачјето на општина Македонска Каменица

Македонска Каменица 06.07.2018 година – Oпштина Македонска Каменица ги известува граѓаните дека во Понеделник – 09.07.2018 година  од 22:00 до 02:00 часот ќе се врши врши прскање – терастична дезинсекција против возрасни комарци на подрачјето на градот Македонска Каменица и селата: Тодоровци, Луковица, Косевица, Моштица, Саса и Стара Каменица.

Авионско прскање против комарци ( аеродезинсекција) на подрачјето на градот Македонска Каменица ќе се изврши во Вторник 10.07.2018 година во периодот од 04:30 до 07:30 часот.

Од Општината апелираат за помала раздвиженост на населението во периодот на прскањето и затварање на пчелните семејства 12 часа после прскањето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *