Игор Карачиќ заминува од Вардар

Македонскиот првак ја игра својата шестта сезона во Лигата на шампионите во низа. Во јуни 2017 година на Македонија и ја донесе најголемата радост со триумф во елитното натпреварување. Ѕвездениот тим кој го донесе Вардар на врвот на Европа полека заминува од Скопје, а од оние кои останаа Игор Карачиќ и Стојанче Стоилов важеа за икони на „црвено-црната“ армија навивачи.Хрватскиот репрезентативен бек ја чекаше понудата од македонскиот шампион, во изминативе неколку месеци дури одби примамлива понуда од Франција, но понуда каква што заслужува од македонскиот првак не доби. Затоа Карачиќ од јули ќе се пресели во Полска, во редовите на шампионот Келце. Во очекување на официјална потврда од Полска, Карачиќ ќе ја одработи седмата и последна сезона за Вардар.Тренерот Душебаев сака да го спои триото бекови кои беа моторот на Вардар до европската шампионска титула, па Карачиќ повторно ќе заигра со Алекс Душебаев и Лука Циндриќ. Ако не се остварат најавите на претседателот на Келце за можно заминување на Лука Циндриќ. Интерес за откуп на неговиот договор од Келце има кај гигантот Барселона и актуелниот освојувач на Лигата на шампионите Монпелје.Во меѓувреме во таборот на „црвено-црните“ сè уште е тивко. Игор Карачиќ е само еден од низата ракометари кои ќе ја напуштат македонската престолнина, а најави за нови ракометари кои треба да пристигнат во Скопје има само како срамежливи шпекулации низ медиумите и ракометните кулоари, за жал сите нè носат на блискиот исток или во Африка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *