Зошто некои луѓе не престануваат да лажат?

На возраст од три или четири години децата почнуваат да лажат. Во овој период од развојот на нашиот мозок учиме дека имаме неверојатно разновидна и моќна алатка на располагање – нашиот јазик, и можеме да ја користиме за всушност да си играме со реалноста и да влијаеме врз резултатот од она што се случува.

Порано или подоцна дознаваме дека лажењето е лошо и навистина не треба да го правиме. Но сите знаеме дека не е изводливо да не лажеме. Всушност, понекогаш мораме да лажеме.

Но некои луѓе се патолошки лажговци, што значи дека не можат да престанат да шират дезинформации за себе и за другите. Психолошките причини зошто некои луѓе се вакви се мистерија.
лага
Фото: iStock
Подготвил: Тамара Гроздановски Факултети.Мк

– Мислам дека доаѓа од дефект во невролошките жици во однос на она што предизвикува кај нас да имаме сочувство и емпатија – вели психијатарот Џудит Орлоф.

Кога не се грижите за другите луѓе, лагите ви изгледаат неважни. Недостигот на емпатија во суштина значи недостиг на совест, што е тежок концепт да го сфатат многу луѓе.

– Кога лажат, нарцисите, социопатите и психопатите не се повредени на ист начин како што сме повредени ние. Многу луѓе се инволвирани во интимен однос со патолошки лажговци и едноставно не можат да разберат зошто лажат, бидејќи се обидуваат да ги вметнат овие луѓе во обичните стандарди за тоа што значи да се биде емпатичен – додава Орлоф.

Но не можат да се вклопат. Всушност, тие и можеби не сфаќаат дека лажат поголем дел од времето бидејќи не се свесни за тоа. Тие веруваат дека ја зборуваат вистината.

Ова е крајно опасно за чувствителните луѓе бидејќи тие привлекуваат нарциси. А кога гледаат дека некој ги лаже, се обидуваат да дознаат зошто и се обвинуваат себеси.

Кога ќе почнат лагите, може да заврши катастрофално, а тоа е кога повторно и повторно им се кажува дека нивната верзија на реалноста е неточна и тие започнуваат да веруваат во вистината на оној што ги лаже.

– Големата сила во односите е кога можете да си ја кажете вистината еден на друг и да си верувате и да бидете автентични – а на патолошките лажговци едноставно не можете да им верувате – вели Орлоф.

Единствениот начин да ги избегнете канџите на патолошкиот лажго е да бидете доволно силни и да си кажете дека ова не е по ваша вина, не може да е вистина, и да одлучите да не му верувате на патолошкиот лажго.

За жал, луѓето имаат тенденција да се сомневаат во себе. Може да почне со мала бела лага, а неколку месеци подоцна, животот на жртвата ќе биде хаос поради мрежата од лаги.

– Ако некој лаже, не обидувајте се да создавате изговори за него. Лагата е лага, а ако му кажете на патолошкиот лажго и тој каже дека е ваша вина, треба да знаете дека е нешто погрешно – вели таа.

Психологот Линда Блер вели дека некои компулсивни лажговци едноставно се премногу импулсивни за да ја кажат вистината.

Импулсивно-рефлектирачката скала е вкоренета во нашите гени и тешко е некој импулсивен да застане и да размисли за работите.

Патолошкото лажење и нарцизмот не се синоним, тие само понекогаш одат рака под рака. Во други случаи, компулсивните лажговци едноставно немаат капацитет да запрат. Потребно е да ги контролираат своите нагони.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *